Куче-скитник спаси бебенце - таткото го заборавил во Градскиот Парк

Бугаринот Ники Луканов ја оставил  15-месечната ќеркичка сама во централниот парк на Белград. Мажот брзал за слики во студиото во српската престолнина и го заборавил детето. Во тоа време, пак, жена му имала друга итна работа и исто така не разбрала дека детето го нема.

Девојчето било пронајдено од случаен минувач, кој видел како куче-скитник го лиже по лицето, за да не плаче. Ники Луканов е професионален композитор, а неговата сопруга Вероника е во Србија  една недела. Таа е русинка и не знае ни збор српски, соопштува српското издание “Блиц”.

Во Белград Луканов се занимавал со записи и продукцијата на забавна, народна и етно музика. Како што пишува на сајтот на студиото “Jimmy”, во кое тој работел четири години, тој соработува претежно со пејачи од Бугарија и поранешна Југославија.

Од студиото сепак објасниле дека Луканов не стапнал таму од една година. Детето е сместено во дом за социјална заштита. Тоа е добро и нема здравствени проблеми. Српските социјални служби работат интензивно за утврдување на околностите во кои детето остана  само во паркот без родители, како и за оценување на родителските квалитети на Луканов и неговата сопруга.

Претстои да биде решено дали детето ќе им биде вратено, или ќе започне постапка тоа да им биде одземено. Ако тоа се случи, девојчето ќе биде дадено да посвојување или ќе биде сместено во семејство.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега