ЛАЖНА ТРЕВОГА: Пријавил бомба, ама во погрешна институција

Лицето кое лажно пријавило дека во Основниот суд во Бања Лука се поставени две бомби, имало за цел да ги ислаши вработените во судот во Градишка, но пријавата по грешка е пратена во погрешна институција.

Од Центарот за јавна безбедност во Бања Лука велат дека во истрагата за лажната пријава за бомба биле сослушани неколку лица.

Пријавил поставување на две бомби во понеделникот во 7 часот и 55 минути, на само пет минути пред работното време во судот. Полицијата брзо ја завршила својата работа, ги евакуирала вработените и ги блокирала улиците, но пријавата била лажна, односно наменета за друга локација.

Како што пишуваат медиумите, од неофицијални информации, мажот кој ги пријавил бомбите го изгубил спорот во врска со старателството над детето по разводот од својата жена.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега