Умрев два пати - беше како сон без соништа!

Смртта е само поим кој го измислил човекот. За некои е почеток, за некои е крај. Еден маж кој бил мртов дури два пати, ги раскажал своите искуства...

Свеста е нешто што ниту науката ниту филозофијата не можат да го дефинира и потребно е човек да го доживее и искуси, за да може да му раскаже на светот што видел и почуствувал, пишува The Independent.

Еден маж кој умрел два пати на околу две минути, еднаш во сообраќајна несреќа, еднаш од предозирање со таблети против болки, за Reddit ја раскажал својата приказна и своите искуства.

За смртта

-Немам поим, тоа беше само една црна празнина. Без мисли, без свест, ништо. Двата пати едноставно „не бев таму". Се беше црно. Би го опишал тоа како кратка дремка, ќе се разбудите и ви се чини дека долго сте спиеле, а всушност поминале само 15 минути. Ако не ми кажеа докторите дека сум бил мртов, би мислел дека сум спиел без сон.

-Дефинитивно не се работеше само за „дупка во сеќавањата". Беше како спиење без соништа. Не се будите веднаш и не чувствувате дека времето поминало. Знаете дека сте спиеле некое време, а во исто време не можете да се сетите дека нешто сте искусиле, освен ако не сте спиеле. Да, искусив нешто, а тоа нешто беше – ништо", раскажал овој човек.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега