Цуца земала пари за да го намести Шабан

Пејачот Хасан Дудиќ тврди дека Ивона Неговановиќ Цуца ја наместила неодамнешната средба со неговиот брат Шабан Шаулиќ и за тоа земала 1500 евра.

- Шабан и јас бевме на годишнината на една ќебапчилница, а кога отидов до тоалетот, во меѓувреме се појави Цуца со другарки. Го прашав Шабан што бара тука и го замолив да и каже да си оди, да не не брука. Брат ми рече дека дошла бидејќи има проблем, а јас го прашав дали тој е добротворна институција, па да и помага додека таа му мести разни измами, афери и караници со семејството, рекол Дудиќ.

Хасан, како што рекол, дознал дека Цуца добила од некоја страна 1000, а од друга 500 евра, за да разгласи каде оди. Дудиќ притоа објаснил како дошло до познатиот бакнеж на паркингот.

Веројатно некој од нејзините швалери ја пратил и им јавил на медиумите. Кога излеговме надвор, додека разговаравме со таксистот, таа го зграпчи. Дури кога ја видов снимката, сфатив дека таа го сврте Шабан како кукла. Да извинете, немаше тој со нејзе секс среде улица. Не е прв пат да го продаде за пари.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега