Делови од Скопје утре без струја

Дел од корисниците од населбата Криви Дол и улицата „Скупи“ утре од 9 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од  улицата „Востаничка“ од бр. 88  до 130 и од бр. 61  до 77, а од 8 до 15 часот делот од село Батинци после објектот на АДРА.

Во периодот од 8 до 10:30 часот без електрична енергија ќе се и дел од корисниците од бул. „Борис Трајковски“ кај Стаклара спроти бензиската пумпа „Марија Трејд“, објектите кај зградата за технички преглед во Кисела Вода, Техноскоп и отпадот, од 8:30 до 14:30 корисниците од улицата „Ѓорѓи Томовски“, од 12 до 14:30 часот корисниците од улиците „Костурски Херои“ и „Васил Стефановски“, а од  9:30 до 11:30 часот дел од корисниците од улиците „Пекљане“, „Моцартова“ и „Борис Бојаџиски“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на  ЕВН Македонија АД. 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега