Протест на албанските лекари против тестирањето

Претставници на албанските лекари денеска протестираа пред Владата во Тирана, барајќи да се откаже од најавеното нивно тестирање.

Во името на лекарите, тие се пожалија дека најавата за нивно тестирање е притисок кон белите мантили.

- Притисоците се максимални и апсурдни. Државата врши притисок врз белите мантили да не протестираат, но ние само бараме да се почитуваат законите, за здравство со стандарди....Лекарите масовно се против тестирањето, но не и против работата, изјавија лекарите учесници на протестот.

Министерот за здравство Беќир Бечај, кон крајот на минатата година најави дека во март ќе бидат тестирани сите здравствени работници, лекари, медицински техничари, акушерки, лаборанти и доколку не го положат истиот ја губат работата.

Средномедицинскиот персонал достави барање до Управниот суд кој вчера се изјасни против нивното тестирање.

По одлуката на Судот опозицијата побара под итно министерот Беќај да си поднесе оставка.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега