Прегазени двајца пешаци на скопските улици

На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 12 сообраќајки од кои во пет учесниците во сообраќајот се здобиле со полесни повреди. Повредени се тројца возачи на патничко возило, двајца сопатници и двајца пешаци. 

Во седум сообраќајки причинета е материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на возењето, 15 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 12 пешаци кои поминале надвор обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега