Ципрас: Грција нема да бара трет спасувачки пакет

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја нема да бара трет спасувачки пакет, а прашањето како Атина ќе го враќа преголемиот долг е уште на масата за преговори со европските кредитори, соопштија американските медиуми.

-Некои се заложија за добивање трет спасувачки пакет, на можноста 
за трет спасувачки заем во текот на јуни. За жал, повторно ќе ги разочарам. Нека заборават за тоа. Грчкиот народ со своето гласање ги прекина спасувачките заеми, рече Ципрас на заседанието на  владиниот кабинет, цитиран од британските медиуми.

Левичарската Влада беше избрана минатиот месец со ветување дека ќе ги укине мерките за штедење, наметнати согласно договорот за  спасувачки заем во износ од 240 милијарди евра, доделен од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд. 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега