Каква е содржината на кодираните пораки што ги праќал Верушевски?

Фамилијата Верушевски комуницирале преку телефонски кодирани пораки чиј клуч го имале само тие. Канал 5 од извори од истрагата открива дел од содржината на пораките што Верушевски ги испраќал до синот и сопругата.

Канал 5 објави дека според кодот секоја буква на телефонската тастатура имала соодветен број, па така на пример за А е бројот 7, за Б е бројот четири, за В бил бројот 20, за буквата Г бројот 50 итн.

Во пораките секој збор бил завршуван со нула. Дел од дешифрираните пораки кои ги објави Канал 5 се следните:

Александар Верушевски со мајка му

-Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.

Александар Верушевски со мајка му

-Рече ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.

-Ти како си и како ти е таму и кажи му Зајко компјутер ми фалит.

-Уште еден адвокат или десет сè е џабе, без револуција џабе е сè, пишува во пораките.

 Сител телевизија пак објави нова порака од многуте кодирани меѓу семејството Верушевски.

-Горан е супер те поздрави, се разочарав од несериозноста од Зајко, се пораката.

За комуникацијата меѓусебе, тие создале азбука од бројки, а шифрираните пораки, обајви Сител, изгледале вака.

azbuka-brojki

poraka1

poraka2

poraka3

poraka4

poraka5

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега