Претепале баба со палки за да и земат пари

Миланка Милезиќ, 65-годишна пензионерка ѕверски е претепана и ограбена во саботата во својата куќа во Србија.

Двајца маскирани разбојници ја врзале и ја тепале со бејзбол палки додека не им даде се вредно што има дома.

Зеле 24.500 евра и голема количина на накит.

-Отидов со синот на прошетка, а кога се вративме после час ипол, видовме полиција во нашиот дом и соседите кои беа многу вознемирени. Мајка ми во меѓувреме веќе ја однеле во болница. По цело тело имаше модрици, тие ја тепале со палки од глава до пети. Сепак, среќна е што преживеа, вели нејзиниот син Предраг.

Разбојниците влегле низ незаклучената врата и упаднале во дневната соба.

Била врзана и преморена, а истовремено чувствувала силни болки. Никој не ги слушнал нејзините очајни повици за помош. Затоа храбрата старица, со последни сили сама се одврзала на рацете и нозете.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега