Скопјанец остана без Ајфон 6 - му го украле од дома

Тешка кражба вчера извршена во куќата на 45-годишниот скопјанец Х.А. Скопјанецот пријавил во  полицијата дека непознато лице од домот му украло мобилен телефон “Ајфон 6“, неколку рачни часовници и разновиден златен накит, со што се стекнало со противправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.

-Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот најверојатно со употреба на физичка сила ја отворил балконска врата, влегол внатре, извршил пребарување во просториите од куќата, ги одзел горенаведените предмети и го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега