Расветлени 4 тешки кражбии во Штип и Кочани – пријавени 13 лица

СВР Штип по предходно преземени мерки и активности расветли четири кривични дела “тешка кражба” сторени на подрачјето на општина Штип и Кочани, за што пријавени се 13 лица.

За првата кражба пријавени се А.М.(32) и Н.М(34) двајцата од Штип поради сомнение дека во временскиот период од 15.08 до 22.09.2014 година  со употреба на физичка сила и подесен алат извршиле кражба во подрумските простории во зграда во Штип од каде одзеле два велосипеди, шест големи и еден мал куфер, една правосмукалка и пет пара обувки со што причиниле материјална штета од околу 15.000 денари.

Во врска со втората кражба пријавени се Б.Р.(20), Р.К.(19) и М.К.(17) сите од Кочани, имено истите во периодот од 05.12.2014 до 03.01.2015 година со употреба на сила го скршиле прозор на влезната врата во куќа во Кочани од каде што одзеле сентисајзер со што причиниле материјална штета од околу 30.000 денари.

За третата кражба пријавен е А.В.(20) од Кочани, пријавениот на 27.01.2015 година во Кочани со употреба на подесен алат насилно отворил метални капаци од две шахти, влегол внатре и одзел бакарен кабел сопственост на Македонски Телеком АД Скопје причинувајќи материјална штета од околу 200.000 денари.

И во четвртата кражба каде пријавени се седум лица од кои шест лица се малолетни и Д.Г.(56) сите од Кочани поради сомнение дека на 29.01.2015 година со употреба на подесен алат насилно ја отвориле влезната врата на магацинскиот простор на ТППЕ во Кочани, влегле внатре и одзеле моторна пила, два рефлектори, метална млазница за вода и други прдмети со што причиниле материјална штета од околу 41.400 денари.

 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега