Бомбата му ја разнесе политичката кариера на Заев

Зоран Заев “потона“ во жив песок. Лидерот на СДСМ од никого не беше сопрен да ги објавува материјалите кои сам ги нарече “бомби“, но тој самиот се “закопа“ неколку пати фатен во лага.

zzzzzzz

Дека ничија цел не беше да се замолчи Заев, јасно се гледа од фактот што само тој од осомничените во полициската акција „Пуч“ не беше уапсен. Претседателот од Бихаќка имаше одврзани раце, а целта беше да се обелодени неговото сценарио за рушење на државните интереси. Во овој процес, Заев остана ударниот инструмент.

Народот беше оставен да види што точно работеле Зоран Заев и неговите најблиски соработници. Како што се отплетуваше мрежата стануваше се појасно дека тие работеле против интересите на македонските граѓани, а за своја лична корист.

Заев е целосно разобличен на очиглед на целата македонска јавност. Чудно, но вистинито- во најголем дел од лагите и контрадикторностите, се фаќаше самиот себе. Изјавите ги менуваше експресно, а кога фактите го побиваа неговото тврдење, тој почна да признава што и како се случило.

Иако прво велеше дека не се ни познава со Верушевски, Заев соочен со докази, призна дека не само што се познавал со Верушевски, туку со него имал и тесна соработка.

ppresudaaaa1111

Признание

Вистината излезе на виделина. Тотално е разобличена шемата за конструкции која Зоран Заев невешто ја градеше. Признанието излезе како несоборлив доказ од човек кој директно учествувал во процесот и лично соработувал со Верушевски и агентурните мрежи.

presudaaa2222

Првата пресуда за случајот ПУЧ ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски.

Звонко Костовски кој доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

presudaaa333

Преку вториот вработен во МВР, тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

presudaaa44

Зоран Верушевски сето ова го правел неовластено, а згора на се, “дебело“ плаќал за услугите.

Според аналитичарите, документацијата му застана на патот на Зоран Заев, кому не му успеа шемата да ги намести Груевски и Мијалков.

kvorummm

Џиков: Првата пресуда во „Пуч“ е несоборлив доказ во однос на останатите учесници

Пресудата која се донесува врз основа на признание на вина, а некој за да признае вина треба да му се предочат докази, тоа упатува дека таквата пресуда е несоборлив доказ во однос на останатите учесници во овој процес, вели поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, за Радио слободна Македонија.

Како државен обвинител тој ја водеше аферата „Големото уво“ и повикувајќи се на неговото досегашно искуство вели дека првата пресуда не е присилна и дека јасно укажува на тоа дека не прислушкувале како што тврди Заев, премиерот и шефот на ДК, туку дека тоа го правела група на луѓе и дека тука постои странски фактор.

Според него овој случај треба да има правна разрешница, а за опозицијата вели дека направила кардинална грешка. Она што го прави Заев и луѓето околу него, смета тој, требаше да го направат во Собранието, согласно Уставот и законот и така ќе покажее дека ги почитуваат.

Излезот од ситуацијата го гледа на враќањето на опозицијата во Законодавниот дом. 

Демаскирање

Агентурната мрежа на Верушевски и Заев, односно прво и четвртоосомничениот во акцијата „Пуч“ е целосно откриена.

Но, Заев беше оставен сам да се разобличи. И пред своите сопартијци и пред целата македонска јавност.

Всушност, малкумина се изненадени од ваквото негово однесување. Лидерите од Бихаќка и нивното делување им се добро познати на македонските граѓани. Од почетокот на најавите, веќе беше јасно, дека Заев ќе “потоне“ во жив песок.  Јавноста многу добро го прочита СДСМ бидејќи не е прв пат сопственото деструктивно сценарио сами да си го срушат како кула од карти.

sifriiii

Шифрирани пораки

Работеле организирано, но некоординирано. И пред се неразумно. Верушевски комуницирале со шифрирани пораки, што јасно наведува на тоа дека сака да затскрие нешто.

Канал 5 објави дека според кодот секоја буква на телефонската тастатура имала соодветен број, па така на пример за А е бројот 7, за Б е бројот четири, за В бил бројот 20, за буквата Г бројот 50 итн.

Во пораките секој збор бил завршуван со нула.

Дел од дешифрираните пораки кои ги објави Канал 5 се следните:

Александар Верушевски со мајка му

poraka1

Александар Верушевски со мајка му

poraka2

pporaka3

pporaka4

Несоборливи докази и аргументи застанаа како пречка на патот на Зоран Заев. Овој политичар е демаскиран пред јавноста. Со овој чекор во очите на народот се разниша и онака преслабата доверба која ја добиваат социјалдемократите. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега