Заев потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер

Зоран Заев потврди дел од комуникацијата во семејството на Зоран Верушевски, поранешен разузнавач, осомничен во аферата „Пуч“.

zaev-telma

 

Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Заев потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.

- Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски – рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил.

Заев потврди дека со Верушевски се среќавал лани меѓу август и октомври и го користел неговото стручно знаење.

-Во случај полицијата да се обиде да влезе во СДСМ, постојат копии, така што со тоа ништо нема да се постигне, вистината не може да се спречи, рече Заев, објаснувајќи зошто не е уапсен. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега