Голема полициска акција вечерва: Уапсен екс-шефот на полицијата во Гостивар

Голема полициска акција вечерва се случувала во Гостивар. Како што дознава Press24 од полициски извори, уапсени се повеќе лица меѓу кои и полициски службеници. Неофицијалните и се уште непотврдени информации велат дека се приведени двјаца полицајци а дека меѓу нив е и поранешниот шеф на полицијата во Гостивар.
Се сомничат за поврзаност со акцијата Чекан. Од МВР потврдуваат дека спровеле акција и дека се приведени двајца полициски службеници но не откриваат детали.
Полицијата уште при првичната акција најави дека детално ќе се чешла работата на институциите.

Во полициска акција „Чекан“приведени се повеќе лица,кои се товарат за „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија. Меѓу нив, покрај полицајци, приведени се и нотар и извршител

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 00:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега