Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за економски прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комиисја.

Пред Комисијата за економски прашања е Предлог - законот за изменување на Законот за енергетика, по скратена постапка, во второ читање, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа Предлог - законот за изменување на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Светлана Јакимовска.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог - законот за изменување на Законот за енергетика и Предлог - законот за изменување на Законот за внатрешни работи. 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега