Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска, со средби во Неготино и Демир Капија, ја почнува серијата Отворени денови за граѓаните и компаниите.

Отворените денови ќе се реализираат овој месец во подрачните единици на Агенцијата, а граѓаните и операторите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош. 

На денешниот прв Отворен ден во Неготино ќе присуствуваат и директорот на АХВ Зоран Поповски, како и претставници од секторите и одделенијата на Агенцијата. Промовиран ќе биде и Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега