Над 1,3 милиони упати на МојТермин од почетокот на годинава

Податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – МојТермин, покажуваат дека од почетокот на 2015 година, односно во изминатите два месеци, креирани се вкупно 1.313.000 упати.

Околу 670.000 упати, односно повеќе од половина од вкупниот број креирани упати се специјалистички, додека останатите се: 301.000 лабораториски упати, 120.000 упати за радиодијагностика, 115.000 интерспецијалистички упати, како и упати за микробиологија, болнички упати, упати за операција, конзилијарно мислење, нуклеарна медицина, и хемодијализа.

Според податоците од системот МојТермин, најголем број пациенти од почетокот на годинава се упатени кон следните специјалности: интерна медицина, офталмологија и микробиологија.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега