Заев ја призна релевантноста и на криптираните пораки

Зоран Заев неодамна ја потврди релевантноста на писмото кое тој му го испрати на Верушевски, откако истото беше објавено во медиумите.

Иако прво негираше дека воопшто се познава со екс-разузнавачот, лидерот на СДСМ призна дека не само што се познавал, туку имал и тесна соработка со него.

За писмото, Заев потврди дека тој и Верушевски комуницираат за “странци кои ќе им помогнат“. Заев вчера продолжи со признанијата.

Во синоќешното интервју на Телма, опозицискиот лидер ги потврди и криптираните пораки, што даде релевантност на истрагата и заговорот кој го правеле преку тесна соработка.

Со ова беше потврдено и релевантноста на признанието дека мрежата тесно соработувала со странски центри и агентури во земјава. Признанието на пораките, според нивната содржина, значи дека биле во игра и пари и средства кои Заев ги обезбедувал.

Заев треба сега да даде дополнително објаснување до јавноста. За пораката во продолжение, лидерот на социјалдемократите треба да одговори за каков бизнис се работи!

Следната порака од Верушевски до неговата мајка е јасен доказ и признание дека зад договорот се кријат пари, а договорот е сценариото за распродавање на државните интереси и предизвикување на криза.

Заев изјави дека ја користел стручната помош од Верушевски, па оттука, имајќи ја предвид пораката, се поставува прашањето, како тој би „го продолжил бизнисот“ со неговиот син, имајќи предвид дека тој е далеку од стручен во областа за која лидерот на СДСМ тврди дека го ангажирал екс директорот на ДБК. Интересно е што за малиот Верушeвски, „бомбата“ на Заев е само бизнис.

Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Заев потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.

- Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски – рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил.

 

Друг интересен момент е фактот што Заев призна дека планирал да му купи автомобил на Верушевски за да може да побегне од Македонија. Заев изјави дека доколку успеел планот за извлекување на Верушевски од Македонија тогаш ќе му бил потребен нов автомобил, бидејќи тој што го има бил стар. Се поставува прашањето, зошто некој кој не прави ништо што е спротивно на законот би требало да побегне од Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега