Грција едвај склопува крај со крај - Македонија предвреме го исплати долгот кон ММФ

 

Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано. Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти, и во исто време ја пренесуваат изјавата на директорката на Фондот Кристин Лагард.

- Ја поздравувам одлуката на ПЈР Македонија пред време да ги отплати своите преостанати обврски кон Фондот, што го одразува подобрениот пристап на земјата на меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти, истакна Лагард, пренесе МИА.

Во Грција се информира дека отплатата на последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари, е завршена на крајот од февруари, односно 13 месеци пред крајниот рок во март 2016 година.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега