Ставрески: Инвестираме во проекти од сите сфери

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната прес-конференција истакна дека програмата за работа на Владата вклучува проекти во сите сфери.

- Она што јас го подржувам е да во сите сектори се направи максимумот, да се стават максимум што е можно средства, притоа тој процес не е еднонасочен, значи министерот, премиерот и сите останати кажуваат што сметаат во однос на тоа како треба да изгледа таа програма и истата ја презентираме пред граѓаните и од таа програма понатаму влечеме позициите за Буџетот за реализација на тие проекти, посочи вицепремиерот.

Природна состојба во сите земји, како што рече тој, е ресорните министерства да сакаат повеќе пари за сите проекти.

 -Премиерот, пример, сакаше да се стават повеќе пари и побрзо да се разлизира зголемувањето на пензиите, но моја задача како министер за финансии, иако и јас истото го сакам, е да кажам колку можеме годишно да ги зголемите пензиите, појасни Ставрески.

Ставрески потенцира и дека бизнисмените можат да сметаат на сигурност, на стабилност и да продолжат со инвестициите и со отворање на работни места.

-Граѓаните треба да бидат сигурни дека со сите мерки кои ние ги правиме, со сите политики, посебно со односот кон бизнисмените коишто никогаш не ги потценуваме како што тоа го направи Заев и СДСМ ние раговараме со нив и тогаш кога имаат проблеми и тогаш кога имаме добро или лошо нешто со нив да споделиме со споделуваме и наоѓаме заеднички решенија, додаде тој.

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега