Само 4 лица прислушувани во бомбите на Заев

Само тројца функционери на власта и уредникот на најпопуларната телевизија во земјава се на листата прислушувани лица чии разговори ги објавува Заев. Ако се направи анализа на сите триесетина разговори кои ги објави Заев и кои можат да се најдат наYouTube каналот на СДСМ се доаѓа до заклучок дека до секој од нив, можело да се дојде доколку се слушале само телефоните на Груевски, Јанкулоска, Мијалков и Латас.

Во секој од овие триесетина снимки, едно од овие четири лица е дел од разговорот. Иако можат да се слушнат и гласовите на Ставрески, Јанакиески, Протуѓер,  Маневски, неговата сопруга, Ристески, Котевски и Канчевска Милевска, сепак, во секој од разговорите учествува еден од споменатата четворка. Не е објавен ниту еден разговор во кој барем еден од Груевски, Мијалков, Латас или Јанкулоска не учествуваат.

Познавачите на состојбите велат дека токму оваа четворка е најинтересна за секоја странска служба, особено ако се има предвид дека раководат со клучните сектори во политиката од кои зависи безбедноста во државата, а Латас е новинар преку кој може да се следи и контролира известувањето на медиумите. Според нив, за очекување е во иднина, на оваа четворка да и се приклучи и Али Ахмети, кој исто така е интересно име за секоја странска служба, бидејќи е лидер на најголемата партија на граѓаните со албанско етничко потекло.

 

Точно е дека при првата прес конференција беа објавени разговори и од Заев и Шеќеринска како и од уште неколку функционери од опозицијата, но за сите тие, интересно е што се снимани во сосема различен временски интервал од овие кои се објавуваат деновиве, па постои можност да се направени токму од оние кои се наводен таргет на прислушувањето,  за цела приказна подоцна да добие поголема веродостојност.

Интересно е што опозицискиот лидер Заев, објави дека се прислушувани над 20.000 граѓани.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега