Криминалец во штипската болница - проневерил огромни суми

55-годишниот штипјанец П.М. главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница - Штип си заработи кривична поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата“.

Според податоците од полицијата, во повеќе наврати во периодот од јануари 2011 до декември 2013 година, како главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница - Штип, проневерил парични средства, така што ги присвоил од благајната парите наплатени од пациенти по основ на полагање на стручен испит, вршење на лекарски прегледи на кандидати за возачи, издавање на лекарски уверенија и препис на документација.

Во наведениот период проневерил парични средства во вкупен износ од 966.030 денари со кој го оштетил Буџетот на ЈЗУ Клиничка болница – Штип.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега