Штама на Бихаќка по признанието на Заев дека комуницирале со шифри

Штама во најголемата опозициска партија откако лидерот на СДСМ Зоран Заев во синоќешното гостување на Телма призна дека со семејството Верушевски комуницирале со шифрирани пораки, за кои рече дека најверојатно се точни. Заев, кој неодамна ја потврди релевантноста на писмото кое тој му го испрати на Верушевски, откако истото беше објавено во медиумите, синоќа во „Топ тема“ ја призна и комуникацијата со шифри преку криптирани пораки.

По ваквото признание на Заев, денеска штама на Бихаќка. Лидерот на СДСМ кој неколку пати самиот се фати во лага кога односот со Верушевски е во прашање, односно прво негираше дека воопшто се познава со Верушевски, за потоа да признае дека не само што се познавал, туку имал и тесна соработка со него, вчера  призна и дека шифрираните пораки на семејството Верушевски најверојатно се точни.. пишува Курир.

Сите вакви признанија на Заев даваат релевантност на истрагата и на заговорот кој го правеле во тесната соработка, како и релевантност на признанието дека мрежата тесно соработувала со странски центри и агентури во земјава. Признавањето на пораките открива и дека во игра биле и пари и средства кои Заев ги обезбедувал.

По серијата обиди за манипулација, Заев конечно ја потврди автентичноста на шифрираните пораки кои меѓу себе си ги праќале синот и сопругата на Верушевски. Сепак, лидерот на СДСМ не доби прашање, па јавноста остана без одговор , зошто семејството Верушевски комуницира со шифрирани пораки, ако не прави ништо што е спротивно на законот.

„Татко ми е супер и го порача следново- јас да го почнам бизнисот со зајко и бомбата нека грми. Пренеси му чекорите да си ги тера по планот без пазарење со никого и без двоумење“ стоеше во една од пораките кои синот на Верушевски и ја испратил на својата мајка.

Заев изјави дека ја користел стручната помош од Верушевски, па оттука, имајќи ја предвид пораката, се поставува прашањето, како тој би „го продолжил бизнисот“ со неговиот син, имајќи предвид дека тој е далеку од стручен во областа за која лидерот на СДСМ тврди дека го ангажирал екс директорот на ДБК. Интересно е што за малиот Верушeвски, „бомбата“ на Заев е само бизнис.

Друг интересен момент е фактот што Заев призна дека планирал да му купи автомобил на Верушевски за да може да побегне од Македонија.

- Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски – рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил, потврдувајќи дека ан 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер. 

По ваквото директно признание на Заев синоќа, денеска владее штама во СДСМ, соросовите медиуми кои воопшто и не го пренесуваат интервјуто на Заев каде беа искажани низа нелогичности и чудни одговори, како и на социјалните мрежи од поддржувачите на опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега