Акција „Чекан“: Еве како беше уапсен екс-шефот на полицијата во Гостивар (ВИДЕО)

Голема полициска акција синоќа се случувала во Гостивар. Како што дозна Press24 од полициски извори, уапсени се повеќе лица меѓу кои и полициски службеници.

Денеска од полицијата информираат дека во рамки на продолжувањето на оперативната акција “Чекан“, е поднесена кривична против Р.Б.(39) од Гостивар, вработен како полициски службеник во Одделение за полиција од Гостивар и Ш.Д.(41) од Гостивар, вработен како Командир на полициската станица Гостивар.

Двајцата се товарат дека во својство на службени лица со цел стекнување на противправна имотна корист ја потпомагале криминалната група на начин што не преземале службени дејствија кои се должни да ги преземаат, односно истите иако имале добиено сознание за извршени кривични дела („лихварство“, „изнуда“, „злоупотреба на службената положба и овластување“) од страна на некои лица опфатени во претходна кривична пријава, не преземале дејствија со цел откривање и докажување на истите, или пак вршеле службени дејствија кои не смеат да ги извршуваат.

 Имено, пријавениот Р.Б. како член на криминалната група во периодот од 01 јуни 2014 година до 10.12.2014 година, со злоупотреба на службената положба и овластување на претходно пријавените лица им овозможил непречено да ги вршат кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ и на тој начин противправно да се стекнуваат со имотна корист, на штета на оштетените, пришто за целиот овој период не презел никакви службени дејствија кои мора да ги презема, па дури и активно учествувал во вршење на овие кривични на начин што давал податоци за оштетените кои се однесуваат на нивната имотна состојба, нивната местоположба и сл.

Пријавениот Ш.Д. во период од 10.01.2009 година до 26.01.2012 година како член на криминалната група, со искористување на својата службена положба во најмалку четири наврати на претходно пријавените им овозможил непречено да вршат кривични дела кои се гонат по службена должност и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист. Истиот кривични дела ги извршил на начин што пријавите (што најчесто биле за физички напад, како дејствија извршувани во рамки на кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“)  кои униформираните полициски службеници ги изготвувале и му ги доставувале на понатамошно постапување против пријавените, воопшто не ги процесуирал ниту ја известувал Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Гостивар. Ш.Д. ова го правел согласно договорот и улогата која ја имал во криминалната група, со цел прикривање на докази, како и спречување на откривање и докажување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“ и „изнуда“.

Мерките и активости беа преземени во координација со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, пришто од нивна страна беше извршена контрола на работата на ПС Гостивар за што сочинети се пет Извештаи, во кои анализирани се четири настани со кои се потврдува сторувањето на кривичните дела од страна на пријавениот. Врз основа на доставеното Известување до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Судијата на предходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 Скопје беа издадени Наредби за присилно доведување на лицата. Од страна на надлежни единици ОСОСК/СВКПС, како и Одделот за посебни единици беше постапено по претходно изготвен план за преземање мерки и активности, пришто лицата се пронајдени, лишени од слобода и спроведени пред судија на претходна постапка кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега