Тешка сообраќајка кај тетовско - седумина повредени

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила на локалниот пат Жеровјане-Радиовце во близина на мостот за Радиовце. Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, во несреќата учествувале две патнички возила, „Фолсфаген голф“ со прилепски регистерски таблици управуван од  26-годишниот Д.П. од Сенокос-Долнени и „Мерцедес“ со тетовски таблици што го управувал 34-годишниот Ш.С. од Голема Речица.

 Во несреќата, сопатник од  „Голфот“ се здобил тешки телесни повреди, со телесни повреди завршиле двајцата возачи, како и три сопатнички од „Голфот“ и еден сопатник од „Мерцедесот“.  Со други возила повредените биле пренесени  во тетовската клиничка болница и по укажана лекарска помош четири лица се задржани на болничко лекување, а три се пуштени дома. 

Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега