Прегазени двајца пешаци - немирна ноќ во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Се случила и една сообраќајка во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 23 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, од нив на 19 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега