Откриена тајната: Потресна приказна се крие зад иконата на дрвото во Скопје - кој и зошто ја изрезбал?

Потресна приказна е поврзана со иконата изрезбана на дрвото во центарот на Скопје.

Сите се прашуваа кој и зошто ја нацртал оваа прекрасна икона, а одоговорот на ова прашање го добивме од читателка на Mknews.

Според кажаното пред 22 години поточно на ден Благовец 8/9 април 1993 на ова место згаснале два млади животи во сообраќајна несреќа.  Приказната се поклопува и со датумот изрезбан на самата икона. Девојка и момче, колеги од работа, заедно работеле во кафуле во близина, во раните утрински часови враќајќи се од работа возеле по улицата и тоа со неверојатна брзина, поради брзината изгубиле контрола над возилото Корвета и се забиле во дрво крај патот. Најверојатно дрвото каде сега е иконата или некое близу бидејќи тоа е токму местото каде се случила сообраќајката.

 Читателката на Mknews се сеќава на големата трагедија и претпоставува дека иконата е  нацртана од семејството на загинатите – во спомен на нив и на прерано згаснатите животи.

Нека почиваат во мир!

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 10:26
Фото: 
скопјеинфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега