Украл милион од пациентите на Клиниката во Штип

Благајникот во штипската болница за две години проневерил околу милион денари, соопшти МВР. Полицијата против осомничениот П.М. (55) од Штип поднесе кривична пријава за проневера во службата. Според МВР, П.М. како главен благајник во ЈЗУ Kлиничка болница - Штип криминалот го направил од јануари 2011 до декември 2013 година. Тој си ги присвоил парите од благајната, наплатени од пациенти по основ на полагање на стручен испит, вршење лекарски прегледи на кандидати за возачи, издавање лекарски уверенија и препис на документација. На тој начин проневерил вкупно 966.030 денари. 

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега