Намалени цените на комерцијалните станови во Скопје, Охрид и Струмица

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска информираше дека на последната седница на Влада е усвоено цените на комерцијалните станови во Скопје, Охрид и Струмица да се намалат. Цените ќе бидат намелени на 192 комерцијални станови  изградени од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во Скопје цената ќе биде намалена за 30 евра по метар квадратен, од 880 евра цената е намелена на 850 евра по метар квадратен. Слободни комерцијални станови за продажба во Скопје има 126.

Во Струга становите се намалени за 70 евра по метар квадратен односно од 570 на 500 евра по метар квадратен. Слободни станови кои ќе бидат ставени на продажба има 26 кои се наоѓаат на улицата „ Горѓи Василев“.

Најголему намалување на цените има во Охрид, цената на становите таму е намалена за 100 евра по метар квадратен. Слободни станови во Охрид има 40, а цената е намелена од 700 до 599 евра по метар квадратен.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега