По осум години концерт на Владо Јаневски во Скопје!

После цели осум години во Скопје, на 03-ти април во Арена „Борис Трајковски“, ќе се одржи голем концерт на една од најголемите ѕвезди на македонската естрада, Владо Јаневски.

На концертот ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари и тоа ќе биде прилика за сите фанови по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени. Неговите песни веќе одамна важат за  евергрини кои живеат во срцата на сите вљубени, за кои веруваме ќе ја исполнат салата до последно место.

Ценејќи го придонесот на Владо Јаневски во афирмацијата на македонската музика, овој проект е поддржан и од Министерство за култура. Фановите ќе ја имаат таа можност да уживаат во бројни изненадувања од технички аспект кои за прв пат ќе се случат во арената „Борис Трајковски“.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега