Политиката на СДСМ кон новинарите е безмилосна и коруптивна

Најголемата опозициска партија по којзнае кој пат го откри своето вистинско лице кон седмата сила, новинарството, за тоа како оние го замислуваат, и што би се случило на секој од новинарите доколку оваа партија еден ден дојде на власт. 

Навреди, плукања, притисоци, па дури и бркања од работа се мал дел од активностите кои СДСМ ги применува кон претставниците на медиумите. А истовремено најгласно обвинува дека нема слобода на медиуми во Македонија.

По скандалозната изјава на Заев со која си дозволи новинарите да ги дели на подобни и неподобни за него, или како што ги нарече самиот „професионални“ и „провладини новинари“, и по континуираните навреди, говор на омраза, етикетирања, закани кои тој ги пласира кон новинарите кои не се под негова лична контрола или под контрола на СОРОС, СДСМ и Заев почнаа да ги омаловажуваат и брутално да се пресметуваат и со новинарите кои ги сметаат за блиски до нивните интереси.

Последен ваков случај е вчерашната оставка која ја поднесе главниот и одговорен уредник на опозициската телевизија 24 Вести, Гоце Михајловски.

Михајловски истакна дека тој имал несогласувања и различни мислења со менаџментот на телевизијата, став кој експертите го оквалификуваат како благо објаснување за жестоките притисоци кои ги трпел Михајловски од директорот на телевизијата Зоран Иванов.

ggoceeee24

Иванов е поранешен портпарол на Владата на СДСМ кој му замерувал на уредникот за објективното известување, односно барал известување кое е единствено во интерес на Заев и СДСМ.

Очигледно, СДСМ вака ја разбира слободата на медиумите. Во кулоарите се говори дека главна причина за оставката на Михајловски е неговото интервју со Заев во кое лидерот на СДСМ имаше катастрофален настап и буквално се “закопа“ и се разобличи пред целокупната јавност, давајќи изјави дека соработува со Верушевски, дека му испраќал писма на екс-разузнавачот  во кои ја споменува соработката со странски служби. Михајловски, иако поставуваше само нормални прашања кои беа предмет на интерес на јавноста, и не беше воопшто крив за лошиот настап на Заев, тогаш беше соочен со канонада од навреди од страна на приврзаниците на СДСМ.

 gocea1onn

gocelibertass

posleintervjuuu

 

gocefbfb

И уште еден уредник на опозициската телевизија 24 Вести, Душица Мрѓа, беше бомбардирана од закани и навреди од членовите и функционерите на СДСМ после нејзиното интервју со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во кое високиот функционер на СДСМ имаше извонредно слаб политички настап кој ја демаскираше неодговорната политика на опозицијата кон својата земја.

goceasterudd

zamrgapak

Во навредите кон Мрѓа тогаш се истакна Лидија Димова која е близок соработник на Заев и Шеќеринска.

mrga244

dusicamrgaaa

И уредникот од Телма телевизија е предмет на рафални напади од СДСМ по интервјуто кое Заев го имаше на оваа телевизија и кое јавноста го оцени како катаклизмично за неговата политичка кариера.

Во ова интервју Заев комплетно се “закопа“ во правната постапка потврдувајќи ги сите основи на сомнение за кои е осомничен од институциите, како што се признанието за блиската соработка со Верушевски во обезбедувањето на креираните материјали, плаќањето на Верушевски за неговите услуги, одработувањето за странските интереси и уцените и заканите кои Заев ги правел кон премиерот Груевски со креираните материјали.

Заев покрај од правен, во ова интервју се “закопа“ и од политички аспекти, потврдувајќи уште неколку пати дека лажел во изминатиот период за многу работи и дека заедно со Верушевски станале директна алатка на странските служби за наштетување на Македонија.

За СДСМ повторно Заев не е крив што самиот се разобличи, туку изгледа повторно крив ќе биде новинарот од телевизијата Телма која тие ја сметаат за своја.

bobihristov11

bobihristov222

 

Однесувањето на СДСМ кон новинарите е и повеќе од скандалозно. Иако насекаде зборуваат за слобода и демократија во реалноста СДСМ кон новинарите се поставува како режим од најсуров вид. СДСМ треба конечно да сфати дека никој не им е крив за нивната безидејност, за гневот и очајот кои го имаат, за деструктивната политика која ја применуваат, за штетните постапки кон Македонија кои во континуитет ги прават.

 Заев, Шекеринска, а претходно и Црвенковски, самите се виновни и одговорни што ја изгубија и никако не можат да си ја вратат доверба кај јавноста.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа