Бугарскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Бугарскиот министер за внатрешни работи Веселин Вучков денеска поднесе оставка на функцијата за време на седница на Владата, која била прифатена од страна на премиерот Бојко Борисов, јави БТА. 

Потврдувајќи ја оставка на Вучков, бугарската вице-премиерка Меглена Кунева нагласи дека тој се решил на ваков потег поради лични причини. 

Вучков од своја страна изјави дека во овој момент не е подотвен да ја повлече оставката, додавајќи дека добро размислил пред да донесе таква одлука.

- Станува збор за некаква лична одлука базирана на сериозни правни аргументи, рече Вучков.  

Копретседателот на Реформаторскиот блок, Радан Канев изјави дека партиите што ја подржуваат Владата „цврсто стојат зад Веселин Вучков“ и многу позитивно ги оценуваат неговите заложби за реформи во системот, кои, како што рече, се еден од приоритетите на власта.

Претседателот на Пратеничката група на најголемата партија во владината коалиција, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов изјави дека се надева оти оставката нема да стигне до Парламнетот.

- Решение по оставката се носи во собранската сала. Досега таа не е доставена. Ќе се одржат средби со премиерот, по што ќе ја добиеме конечната одлука, рече Цветанов.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега