„Теодора ја обожуваше својата баба, само издрогирана би можела да ја убие“

Првичните резултати од полициската истрага покажуваат дека 38- годишната Теодора Викторовиќ, пред два дена, со сатар ги убила на спиење мајката Љиљана и бабата Иванка. На Теодора денес и беше одреден притвор од 30 дена.

Полицијата го уапси и нејзиниот невенчан сопруг Бранислав, чија улога во ова злосторство треба дополнително да се утврди. Она што е познато е дека и тој бил во станот за време на грозоморното двократно убиство.

Теодора никогаш не би ја повредила Иванка, таа неа ја обожуваше, вели за Блиц Љубинка Џукиќ, сестрата на убиената Иванка Џукиќ (90).

Иванка и Љиљана Џукиќ (61) беа буквално брутално убиени со сатар, а злоделото на Теодора ја шокираше српската јавност.

Љубинка не може да поверува дека Теодора би можела да направи нешто толку стравично.

5000152565

-Таа не дозволуваше дури никој ниту дури ниту да ѝ се обрати на Иванка со повисок тон. Ниту со нејзината мајка немаше никакви сериозни проблеми, вакво нешто можела да стори само ако некој ја издрогирал, изјавила Љубинка.

Иако со вештачењето е утврдено дека Теодора во моментот на апсењето во крвта имала дури 3.6 промили алкохол, Љубинка тврди дека Иванка никогаш не дозволувала во нејзиниот дом да се внесува алкохол или дрога. Било констатирано и дека Теодора користела таблети и алкохол.

Сестрата открива и дека семејството било против врската помеѓу Теодора и Борислав

3500ubistvoto-so-satar-vo-b

- Буги, како што сите ние го нарекувавме, едноставно не е за Теодора. Таа е сепак актерка, девојка од уметничко семејство. Сепак, ми се чинеше дека ја сака искрено, раскажува Љубинка.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега