Четири години затвор за велешанецот кој силуваше малолетничка

37-годишниот велешанец Беадин Демиридоби четири години затвор за силување на 17- годишна девојка. Тој беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес , една година по делото кое го сторил на 17 февруари минатата година, пренесе Канал 5.

Според обвинението, Демири, кој се познавал со девојката, по завршувањето на часовите со автомобил пристигнал пред училиштето на средношколката, со намера да ја однесе кај нивни заеднички познаници.

Но место кај пријателите, тој со автомобилот ја довел до мотелот во Лозово. Во изнајмена соба се обидел да има однос со неа, средношколката жестоко се спротивставила , по што Демири со ременот од панталоните почнал да ја тепа. Откако ја претепал, ја силувал.

По гнасниот чин, Демири му се заканил на девојчето дека ако каже некому, ќе плати со глава. Но и покрај сериозните закани, девојката собрала сили и пријавила во полиција. На судењето психијатарите посведочиле дека девојката, по силувањето, доживеала тешка траума, пренесе Канал 5.

Демири пред судот тврдел дека не ја силувал познајничката. Како што објаснија во судот, за ова дело предвидена е казна од 3 до 5 години, а судијата одлучил да му даде 4
години затвор. Пресудата не е правосилна, а одбраната најави жалба.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега