Трагедија: Бремена жена почина од свински грип

На инфективната клиника КЦС од грип почина бремена жена (33) од околината на Белград, изјави за „Политика“ директорот на оваа установа др. Мијомир Пелемиш.

- И покрај сите напори на лекарите, за жал поради грип почина жена во петтиот месец од бременоста. На нашата клиника пристигна седмиот ден од болеста и во истиот момент беше приклучена на респиратор. Лабораториски е докажано присуството на Х1Н1, истакна Пелемиш, пренесе МИА.

Ова е втор смртен случај на грип оваа сезона во Србија, откако пред една недела на Воено-медицинската академија почина 34-годишен маж од Ужице.

Во моментот на Инфективната клиника нема други пациенти со тешки форми на грип, но Пелемиш вели дека претходно имало. 

- Интересно е тоа што оваа година, иако нема епидемија на грип и нема голем број заболени, повеќето од заболените, доаѓаат со тешка клиничка слика. Тоа само докажува дека и натаму во Србија има мал број жители кои се вакцинираат против грип, иако вакцината е една превентивна мерка, истакна тој, пренесе МИА.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега