И на 50 години може да се почне бизнис - успешна приказна на скопјанка

Оние што имаат над 50 години, не се стари за нов почекот и за сопствен бизнис- ова јасно се гледа од примерот на скопјанката, Снежана Ристова. Таа веќе една година е сам свој газда. Иако правник по професија, долго време била без работа. Едногодишното искуство во домашна винарија ја поттикнало да отвори продавница за вино. Го искористила кредитот од 3.000 евра наменет за почнување на сопствен бизнис за оние од 50 до 55 години, објави МТВ.

-Презадоволна сум од работата. Има добри македонски вина,  имам добри муштерии, поволни дисконтни цени, презадоволна сум, вели Снежана Ристова.

Бизнисот на Снежана е еден од 1000, почнати минатата година  преку активните мерки за вработување.

-Иако рокот за враќање на парите ми е од април, јас првата рата веќе ја уплатив. Годишно имаме по две рати. Годинава и наредната и ќе ги вратам парите, додава Ристова.

Во изминативе 8 години сопствен бизнис отвориле 6.700 граѓани. Од нив една третина се млади, а една третина се жени. 73 проценти од фирмите опстануваат и успешно работат. Во нив се вработени 5.800 граѓани.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега