Незапаметен злочин: "Мичо викни полиција, го убив брат ми!"

Мичо викни полиција го заклав брат ми. Ваков незапаметен злочин денеска ја потресе Србија откако 55-годишниот Љубомир З. од Панчево го усмртил својот брат во семејната куќа.

Според информациите на српскиот Курир, злочинот се случил во семејната куќа. Соседка сведок на настанот вели дека ништо не претскажувало дека ќе се случи огромна трагедија.

-Седевме и се беше мирно. Одеднаш дојде Љубомир, се појави на нашата капија и рече Мичо викни полиција го заклав брат ми. Бев во шок и не можев да верувам, вели соседка и додава дека кога тргнала по својот сопруг тој повторно викнал за помош, па ја опцул.

Сопругата на убиецот не била дома за време на крвавиот злочин, бидејќи сопругот ја избркал.

Инаку, браќата претходно цел ден пиеле, но никој не очекувал ваков крај. Откако Љуба дошол кај соседите, тие влегле во куќата и не излегувале додека не пристигнала полицијата.

Соседите велат дека Љуба е добар човек и секогаш го штител брата си кој е инвалид.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега