Бугарската економија трпи загуби поради санкциите кон Русија

Бугарската економија трпи загуби поради антируските санкции на ЕУ и контра мерките на Русија и бугарската Влада не е задоволна од оваа ситуација, изјави бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин, пренесува БТА. 

Калфин е на средба во Москва со претседателот на комитетот за меѓународни прашања во Советот на федерацијата Константтин Косачов. 

Според Калфин може да се зборува за завршување на тешкиот период во односите меѓу Русија и ЕУ само по регулирање на ситуацијата во Источна Украина. - Бугарија секогаш зазема и зема став дека ситуацијата во Источна Украина треба да се реши и дека сите треба да учествуваат во тоа, истакна тој. 

Калфин, исто така, нагласи дека за Бугарија Русија е многу важен партнер, а односот кон Русија во Бугарија на ниво на обичен граѓанин е многу топол и пријателски.

Косачов нагласи дека Бугарија менувајќи ја геополитичката ориентација кон НАТО и ЕУ, може да има во оваа организација сопствена улога во контекст на односите на организацијата и Русија. - Според нас засега тој потенцијал на Бугарија во голем степен не се користи и со жалење можам да кажам дека тоа се покажа како пречка на патот за реализирање на проектот Јужен Поток, заклучи рускиот сенатор. 

Бугарскиот вицепремиер Калфин, истакна дека Бугарија не гледа алтернатива на испораката руски гас за Европа. - Сега Европа се стреми кон ограничување на доставата на руски гас, но моментално тој нема алтернатива. Тоа не е само моја позиција, тоа е позиција на владата на Бугарија, нагласи Калифан.

Калифан, исто така, додаде дека не гледа економска потреба од намалување на испораките на руски гас во Европа. - Моментално Русија доставува околу 40 проценти од целокупниот гас во Европа, а во земјите од Централна и Источна Европа дури 80 проценти, истакна Калифан.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега