Хрватите ставаат вето на Србија за влез во ЕУ?

Хрватска би можела да го искористи правото на вето и да гласа против отворањето на поглавјето во преговорите на Србија со ЕУ, поради се поприсутната националистичка политика во Загреб.

Во дел од јавноста во Србија постои загриженост поради хрватските претставници во институциите во ЕУ кои би можеле да го условуваат официјален Белград во процесот на евроинтеграциите. Таков бојазан е поткрепен со фактот што Хрватска е во Европскиот парламент, како членка на ЕУ и има право на вето, пренесува Радио Слободна Европа.

Иако хрватските членки на Надворешнополитичкиот одбор на ЕП пред десетина дена останаа изиолирани во обидот да во резолуцијата за напредокот на Србија вградат низа барања со кои би го условиле напредокот на Србија со решавање на билатералните прашања со Хрватска, ако се определи за политиката на таква блокада, Хрватска во Европскиот совет, каде нема прегласување, може да го искористи правото на вето и да гласа против отворањето на поглавјата во преговорите на Србија со ЕУ.

Одговарајќи на прашањето дали Хрватска ќе продолжи во Брисел да ја условува Србија со нерешените билатерални прашања, Јован Комшиќ, професор од универзитетот во Нови Сад, вели дека е подобро да се случи тоа, затоа што не е можен стратешки пресврт во политичките сили во Хрватска каде се стреми идеолошка платформа на националната десница, која ја доби првата политичка битка со изборот на новата претседателка и која се подготвува за параламентарни избори до крајот на годинава, ако не и порано.
„Во тој контекст не е за неочекување да не се користи секоја трибина, во национален контекст пред се, но и во европски контекст, за емитување на политички пораки кои се испратени до нивните гласачи. За жал во таа нацоналистичка политика, нивните гласачи се блиски на политичката порака за затегнување на политичките односи со Балканот, кој уште долго ќе мора да седи во чекалната на Европа“, вели Комшиќ, а пренесува Радио Слободна Европа.

До извесно ублажување на тензиите, може да дојде по билатералните средби на високи официјални лица меѓу двете земји, по посетата на претседателката на Хрватска во Србија, верува Комшиќ, но додава дека не очекува важно отстапување од политизацијата на неурологичните теми на овие простори.

Од друга страна поедини аналитичари во Хрватска напоменуваат дека предлагаат низа амандмани на извештајот за напредокот на Србија во ЕП од страна на пет хрватски европарламентарци од редовите на партијата за Европски обични граѓани, па оттука десниот центар, не е државната политика на Хрватска. Хрватска во низа наврати нагласи како нема да ги решава билатералните прашања и ќе ги условува српските преговори за членство во ЕУ, а на тоа се обврза и со посебна декларација во Сабор.

 

„И сето тоа предизвика непотребна гужва поради една едноставна причина, а тоа е дека Србија барем уште десет години нема да влезе во ЕУ. Целосно е јасно што во овој момент работи некој од хрватската или српската страна – или речиси целосно е сеедно – затоа што оние кои тогаш ќе одлучуваат, ние за нив денеска ништо не знаеме“, вели Пуховски.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега