Сакам да силувам мртви баби - болно признание на монструм од Србија

Осудениот силувач и убиец Милован Мишиќ (36) е уапсен вчера во селото Белонија кај Сврљига под осомнение дека ја убил осумдесет и двегодишната баба Миланка Јефтиќ. Тој старицата прво ја задавил, а потоа и ја силувал. Нејзиното тело го пронашла нејзината сестра.

Злочинот се случил во неговата куќа во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а Мишиќ е уапсен по неколку часа по злочинот. Старицата била затекната со кренат фустан, без долен веш.
Се претпоставува дека била силувана, но тоа ќе биде утврдено со обдукцијата.

Милован во март во 2013 година бил уапсен поради обид за силување на 89 годишната Косара Ж., а месец дена претходно излегол од робија, откако во 2000 година во селото Периш кај Сврљига, ја убил, а потоа и слувал 66 годишната Љубинка Никодијевиќ.

Него претседателот на Србија, Томислав Николиќ, го помилува на 20 ноември 2012 година по усвојувањето на законот за амнестија.

„Кога ќе видам постара жена јас полудувам. Сакам да силувам мртви баби затоа што сум луд. Што можам, слабост ми се постарите жени. Постои во мене некој нагон и топлина кога ќе ги почувствувам во близина“, вели Мишиќ по претходното апсење.

Милунка Јефтиќ, неговата последна жртва живеела сама во куќата, во близина на фудбалското игралиште во Сврљиг, а за нејзе се грижела нејзината сестра, Небојша Гавриќ.

Полицијата набрзо го уапсила убиецот. Пронајден е во изнајмен стан во Сврљиг. Тука останал по излегувањето од затвор, а се издржувал работејќи како чистач во комунално претпријатие.

 

Мишиќ изјавил дека кај старицата повремено сечел дрва, а поради тоа што знаел дека прима пензија,сакал да ја ограби. Се сретнал со нејзе на портите од куќата, ја турнал внатре и почнал да се бори со неа. И ги ставил рацете на вфратот, устата и носот и така ја усмртил. На местото на злочинот се пронајдени неколку кондоми кои му испаднале, но нема докази дека се користени. 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега