Во БиХ е создадена Ал Каеда - екс терорист и шпион откри страшна тајна!

Мојот пријател Калид Ал Хаџ, кој подоцна стана лидер на Ал Каеда во Саудиска Арабија и јас, заминавме во БиХ да станеме муџахедини – изјави некогашниот терорист Ајмен Дин, кој наведе дека со текот на војната во БиХ се создале лидери на озлогласени терористички организации.

Маж од Саудиска Арабија, Ајмен Дин, еден од основачите на Ал Каеда изјави во разговор за Британски Би-Би-Си дека терористичката организација на некој начин, е создадена во БиХ затоа што во таа земја се обучувале и создавале идните лидери на Ал Каеда.

Дин, кој во текот на војната во БиХ станал британски шпиум, израснал во Саудиска Арабија, а како тинејџер заминал да се бори во БиХ.

Дин по војната во Босна станал британски шпиун, израснал во Саудиска Арабија, а како тинејџер заминал да се бори во БиХ.

-Босанските муслимани биле во смртна опасност. Мојот пријател Калид Ал Хадџ, кој подоцна стана лидер на Ал Каеда во Саудиска Арабија и јас, заминавме во БиХ да станеме муџахедини – изјави Дин.

„Би рекол дека тоа искуство најмногу ми ги отвори очите. Бев штребер од Саудиска Арабија, и оддеднаш се најдов во БиХ со калашников во рацете. Имав чувство дека учествувам во пишувана историја“, вели Дин и додал:

„Во камповите за обука учевме за воените тактики. Бев со луѓе од други националности, но сите беа муслимани. И сите учествуваа во џихадот, за да го одбранат босанскиот народ“, вели овој поранешен терорист.

По четири дена станал британски шпиум и собирал информации за водечките луѓе на Ал Каеда. Откриен е по осум години.

 

„На крајот на војната во БиХ, оние кои преживеаа почнале да го присвојуваат антизападното чувство за тоа дека меѓународната заедница готви некаква завера против муслиманите и дека ја изветоперува нивната воена победа против БиХ. Поради тоа сметале дека Западот се бори против Исламот како религија. Тоа довело до радикализација, па лесно им било да се трансформираат од муџахедини во радикални џихадисти“, вели Дин.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега