„Путин“ ги затвори вратите во Нови Сад

Едно од најатрактивните места за излегување во Нови Сад, бифето „Путин“ кое летово беше отворено на улицата Пашичев, е затворено.
„Путин престана да работи пред неколку дена, а веќе пристигнале нови работници кои просторот го уредуваат за новиот закупец.

За потсетување отворањето на ова бифе пред неколку месеци беше пропратено од светските медиуми.

Бифето „Путин“ се нјаде во медиумите поради прославата на роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, а од бифето беа испратени и автобуси накај Белград, кога овој државник ја посети Србија и присуствуваше на воената парада.

 

Со затворањето на бифето „Путин“ оваа улица остана без еден големо име на светски политичар, но, затоа останува ресторанот „Черчил“ кој се наоѓа на неколку метри од него.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега