ДЕТАЛИ: Претепаната скопјанка на апарати за дишење

Вистински хорор и се случил на 46-годишна скопјанка откако сопругот ја претепал со метална цевка. Како што соопштија од македонската полиција, сопругот ја претепал скопјанката, а потоа бил приведен од страна на полициските АЛФИ.

Според најновите податоци до кои дојде Канал5, жената е хоспитализирана на неврохирургија, се наоѓа во кома и е приклучена на апарати за дишење. Лекарите велат дека има скршен череп и повреди на мозокот и е во многу тешка состојба. 

Неофицијално сопружниците кои имаат два деца се разведуваат. Против него имало кривична за семејсно насилство и пред три месеци.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега