ФОТО: Дивац ја продаде вилата во Лос Анџелес

Некогашната легенда на југословенската, а подоцна и на српската кошарка Владе Дивац, ја продадае својата вила од 400 метри квадратни која се наоѓа во Пацифик Палисејдс, во елитниот дел на Лос Анџелес, за неверојатни 2,7 милиони евра. 

Неговиот дом имаше феноменален поглед на океанот и околните ритчиња. 

Тој веќе некое време не престојувал во куќата, која е идеална за големо семејство. Истата содржи огромни дневни соби и трпезарии, пет одвоени спални соби, со пет купатила, џакузи, канцеларија и останати помошни простории. 

Во гаражата има место за два автомобили, а пред куќата има место уште за шест.

Дивац пред една година ја ставил вилата на продажба, барајќи за неа 3,25 милиони долари, а две години пред тоа е нудена за луксузно издавање.

Цената на куќата била дури 13.000 долари за еден месец. Не е познато дали имало заинтересирани потстанари, но со оглед на тоа што се има во неа, цената за овој дел во Лос Анџелес е сосема примерна.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега