ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Манијак со скалпер го прободе возачот на автобусот во око

Шокантна снимка од надзорната камера во автобусот, се појави на интернет откако истата го има уловено моментот во кој со скалпер, вооружен маж се приближува кон автобусот, и ладнокрвно го прободува возачот, кој го пие топлиот напиток. Со скалперот директно го прободува во лицето и тоа во пределот околу окото.

Автобусот стоел на семафорот, а 41 годишниот возач кој бил прободен немал можност да увиди што се случува. Неколку моменти претходно, закочил за да го спречи налетот на истиот маж, кој на улицата непрописно претрчал со детето. 

Возачот по кочењето кратко го укорил мажот, а овој му вратил со удар со ногата во вратата на автоусот. Но тука не завршил хоророт. Мажот одлучил не само да не остане должен, туку и серизоно да го повреди возачот. 

Инцидентот се случил на улицата Пенг Хај во Лондон, а полицијата трага за напаѓачот од снимките, пренесува Индепендент.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега