Фотографијата која го потресе регионот

Приказната за човекот кој од умор седнал на вреќите цемент да одмори од напорниот ден, вчера со огромна брзина се прошири низ социјалните мрежи.

Неговата фотографија ја потресе Србија. Тој е татко на две деца, од кои едното е тешко болно. Работи по 16 часа дневно и по две работи само за да го прехрани семејството.

-Го гледав половина час од прозорецот. Ја заврши работата и седна да одмори пред да замине на втората работа. Предпладне, работи на мешалица а попладне оди на друга работа. Мора да заработи за сопругата и двете деца. Тој 24 часа е со своите синови. Постариот син има церебрална парализа и потребна му е константна мајчина нега, напишал Александар Чупиќ на порталот еVrsac.rs.

Оставени на улица и сфатени како некои кои немале среќа, овие српски сограѓани се борат како знаат и умеат, пишува Блиц.

-Луѓето и семејствата како овој човек не бараат еднократна помош. Тие сакаат државата да го промени односот кон родителите на тешко болните деца. Бараат третман достоен за човекот и семејството, вели Чупиќ.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега