„Mајка ми многу ме навреди затоа ја убив“ - морничава исповед на Теодора

 Теодора Викторовиќ  (39) синоќа на сослушувањето во судница призна дека го извршила грозоморното убиство, и со сатар ги убила своите мајка и баба.

Според податоците на српскиот Курир, таа изјавила дека нејзината мајка постојано ја понижувала, навредувала, и цел живот и се качувала на глава.

- Се каам и тешко ми е особено поради баба ми, таа за ништо не е виновна, изјавила Теодора. 

Девојката додава и дека го земала сатарот, ја удрила неколкупати мајка си, а потоа и бабата кои лежеле на кревет.

- Мојата мајка тоа утро ме навредуваше и критикуваше затоа што сум била бучна додека во кујната го подгревав млекото за мојата ќерка. Потоа, за неколку часа испив литро водка и земав два вида на лекови за смирување како би го смирила својот бес. Таа за целото време нешто ми дофрлуваше и ме навредуваше зборувајќи од другата соба. Во еден момент ја изгубив контролата, го дофатив сатарот и тргнав кон неа. Ја удрив неколку пати по главата и од тогаш имам прекин во сеќавањето. Не се сеќавам дека сум ја убила мојата баба, раскажала Теодора.

Дури кога доцна попладнето се разбудила на Воено медицинската академија во Белград таа всушност сфатила што сторила, а на сослушувањата детално раскажала за долгогодишните конфликти кои таа ги имала со својата мајка, но и за своите проблеми со дрогата кои започнале уште од нејзината 17-та година.

 

- Порано користев хероин и се боцкав директно во вена. Подоцна преминав на кокаин и започнав да пијам алкохол. Едно време успеав и да бидам "чиста", но потоа повторно се навлеков во последниве години. Отсекогаш имав лоши односи со мојата мајка. Тука имаше сè и сешто, дури и сме се тепале. Сето ова требаше поинаку да го решам и да се отселам од нејзиниот стан. Сега е доцна за сè, раскажала таа.

Освен тоа, Теодора раскажала и дека нејзиниот сопруг Борислав Стаменков нема никаква врска со убиствата и дека во тоа не и помогнал како што поединци шпекулираат.

- Тој еден ден порано беше на пат надвор од Белград, а се врати околу два часот после полноќ и веднаш замина да спие. Јас работев нешто на компјутерот бидејќи не можев да спијам. Утрото го одведе нашиот син во градинка и не беше во станот кога се случи сето тоа, изјавила Теодора на крајот од исказот после кој ѝ бил одреден притвор од 30 дена.

 

Телата на Љиљана Џукиќ и Иванка Џукиќ беа пронајдени во понеделникот околу десет часот во семејниот стан, а Теодора била затекната крвава во бањата и била потполно отсутна и дезориентирана, до таа мера што не можела ниту да се движи, па полицајците буквално ја изнеле од станот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега