Трагедија во скопски Аеродром: Паднал од 8-ми спрат и починал

Денеска околу 14 часот во скопската населба Аеродром на улицата Пандил Шишков во близина на поликлиниката Јане Сандански почина работник кој извршувал градежни работи, јави Нетпрес

Од СВР Скопје за НетПрес ја потврдуват информацијата и додаваат дека се работи за Иле Ѓ. 36 годишен градежен работник кој работел на изградба на зграда. Оттаму додаваат дека од страна на полицијата е извршен увид и телото е додадено на обдукција. Полицијата по настанот ја информирала и Трудовата инспекција која треба да утврди дали, сега починатиот Иле Ѓ. ја поседувал потребната заштитна опрема.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега