Прегазен пешак во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и девет се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле 13 лица.

Се случила и една незгода со тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Шест возачи поминале на црвено светло на семафорот, како и 14 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега